Фани е убавицата која го смири Марио Балотели
- Детали
- среда, 25 јуни 2014
Италијанскиот репрезентативец често знае да биде дел од скандали за кои ќе пишуваат сите медиуми. Но, пред Мундијалот, Балотели конечно реши да се смири, а главната причина за тоа е убавата 22-годишна Фани.
Во врска се околу 6 месеци, а непосредно пред Светското првенство, Марио ја запроси.
Таа има измешани гени од Италија, Конго и Руанда. Себе се опишува како професионална танчарка, манекенка, глумица и пејачка.
Првпат е забележана од медиумите на натпреварот помеѓу Милан и Барселона, кога насекаде се проширија фотографиите од преубавата девојка на Балотели.
Марио имал тешко детство со оглед на тоа што правилно потекнува од Гана, но неговите родители не можејќи да го издржуваат го дале на посвојување во Италија.
Тој прерасна во еден од најпознатите фудбалери на денешницата, но и една од најскадалозните спортски личности.
Сепак, откако е со Фани изјавува дека е вистински заљубен, го нашол својот мир и дека со неа може да биде до крајот на животот.
Таа моментално е на релација Милано-Париз заради работните ангажмани, но максимално сака да му се посвети на Марио, па иако е популарна на социјалните мрежи, нејзините провокативни фотографии се сведени на минимум.
Со Балотели никогаш не е сигурно и не се знае што може да се случи, но за првпат тој е скротен и смирен, барем засега.
Погледнете во кого е вљубен Марио Балотели: