Фризурата на Роналдо сепак не е во чест на болното дете
- Детали
- среда, 25 јуни 2014
Хуманата страна за фризурата на Роналдо сепак не е толку вистинита. По многуте објави дека линиите од едната страна го означуваат засекот од операцијата на малиот Ерик Ортиз, се огласи неговата мајка.
На Фејсбук страницата за Ерик, таа објави статус во кој ги известува сите дека она што се пишува во врска со Кристијано Роналдо, не е целосно вистина.
„Веќе ја видов приказната по неколку социјални мрежи за тоа дека Роналдо ја скратил косата како лузната која Ерик ја има на главата, но сакам да ви разјаснам дека тоа не е вистина.
Мојот син не е опериран, и Кристијано Роналдо пред извесно време се понуди да плати дел од идната операција на мојот син, но за среќа тој ден (денот на операцијата) не е дојден.
Само сакам да ве известам дека го следам и сум неверојатно благодарна на Роналдо за тоа каква личност е, кој зборува со мене и ме прашува во која состојба е мојот син, но им благодарам и на сите анонимни луѓе кои несебично му помогнаа на мојот син.“
Сепак, зад новата фризура на Роналдо веројатно се крие некоја друга приказна или нова мода.