Хуманата приказна зад фризурата на Роналдо
- Детали
- вторник, 24 јуни 2014
Изминативе неколку часа Кристијано Роналдо беше главна мета на критики и исмевање заради необичната фризура, сè до моментот кога не се прошири неговата страна на приказната.
Чудно скратената коса со тенко избричен дел од едната страна бил само еден мал гест кој Роналдо решил да го направи во чест на 10-месечното детенце кое боледувало од тумор на мозокот.
На младиот Ерик Ортиз, кој пред само неколку дена преживеал тешко отстранување на тумор од мозокот, му била овозможена финансиска поддршка токму од Роналдо во вредност од 50.000 фунти за самиот зафат.
Откако операцијата поминала успешно, неговиот следен чекор во чест на тажната животна приказна беше оваа фризура која ја симболизираше лузната на главата по операцијата на малечкиот Ерик.
Изгледа светот уште еднаш ќе замолчи пред хуманоста на Роналдо.