Познати дами кои заработија позирајќи со трудничкото стомаче
- Детали
- вторник, 24 јуни 2014
Сè започна со Деми Мур кога во 1991 година се сликаше потполно гола за насловната страна за „Vanity Fair.“ Но, само 20тина години подоцна трудничкото стомаче е нов тренд во фотосесиите.
Денес, познатите дами успеваат добро да заработат продавајќи само неколку фотографии од овој тип. Еве кои го искористија овој начин на заработка:
Моника Белучи - Во 2004 година најубавата жена на денешницата се фотографираше потполно гола кога ја носеше својата прва ќерка Дева, а во 2010 го направи истото и со втората ќерка Леона.
Клаудија Шифер - Таа беше главна ѕвезда во германскиот Вог во 2010 година, кога во преден план беше нејзиното трудничко стомаче, а клучните делови од телото ги прекриваше со рацете.
Кристина Агилера - На насловната на Marie Claire во 2008 година Кристина позираше при крајот на бременоста со својот прв син.
Џесика Симпсон - Таа се најде на насловната на магазинот Ел во 2012 година, кога ја носеше ќеркичката Максвел.
Синди Крафорд - Во 1999 година, најубавиот модел беше помеѓу најхрабрите кои се одлучија на овој чекор. Неполн месец по фотосесијата, на свет на донесе ќерката Пресли.
Мараја Кери - Додека беше бремена со близнавите Морокан и Монро, Мараја се одлучи да им се придружи на оваа група храбри жени. Гола и бремена, таа ја красеше насловната страна на Life&Style во 2011 година.