Славни ѕвезди кои тајно правеле добри дела
- Детали
- среда, 18 јуни 2014
Многу од познатите личности често ги гледаме вклучени во многу хуманитарни акции како помагаат, донираат или зборуваат за некој проблем. Многумина мислат дека тоа го прават само за слава и популарност, но има и такви кои прават големи добри дела, а за тоа никогаш не се пофалиле.
Некои знаат да бидат навистина великодушни со милионите кои ги заработуваат.
1. Кијану Ривс
По завршувањето на снимањето на трилогијата „Матрикс“, Кијану Ривс на екипата задолжена за специјалните ефекти ѝ подарил 75 милиони долари, а на сите каскадери им купил Harley Davidson мотори.
2. Џони Деп
Омилениот глумец на многу жени на патување го носи и својот костум на капетан Џек Спароу од „Пиратите од Карибите“ бидејќи токму на децата каде требало да се појави ненадејно во една болница, на тоа најмногу се радуваат. Џони Деп признава дека понекогаш самоиницијативно се маскира во славниот пират и оди во Дизниленд за да ги анимира децата во забавниот парк.
3. Тупак Шакур
Тупак еднаш добил писмо од мајка која му открила дека последна желба ѝ е нејзиниот болен син Џошуоа да се запознае со него. Тој веднаш отишол да го запознае. Откако починал, Тупак својата издавачка куќа ја нарекол „Сонот на Џошуа“.
4. Дејвид Грол
Двајца австралиски рудари се заглавиле откако рудникот почнал да се руши, а сè што побарале од спасувачите бил Ајпад со песните на Foo Fighters, бендот на Дејвид. Откако го слушнал ова Дејвид Грол им испратил порака дека кога ќе излезат ќе ги чекаат две влезници за кој било настап на Foo Fighters, каде било во светот и две ладни пива.
5. Ема Ватсон
За американскиот празник Ноќ на вештерките, еден петтогодишник облекол костум на Хари Потер. Како што налага традицијата, децата тргнале да собираат слатки по куќите. Во еден момент Ема Ватсон дошла до малото момче и го прашала дали е тој Хари Потер? Му објаснила дека таа е Хермиона, најдобрата пријателка на Хари, силно го прегрнала и се фотографирала со него. Момчето било толку збунето што не ја препознал славната глумица.
Џоан Ролинг
Пред да ја напише четвртата книга од серијалот за Хари Потер, славната писателка го испратила завршниот дел на едно девојче, Натали Мекдоналд која била болна од леукемија. Натали за жал починала пред да успее да го прочита писмото, па Џоан, по нека нарекла еден од ликовите во книгата.
7. Бон Џови
Ресторанот на славниот пејач „Soul Kitchen“ нема цени на менито. Наместо тоа се оставаат донации за оброците или ако не можете да си дозволите оброк, може да ги замените волонтерите во кујната.
8. Том Хенкс
Холивудскиот глумец Том Хенкс се согласил за едно многу необично фотографирање со обожавател. Во локалната пицерија направиле серија фотографи на кои момчето глуми дека е пијано, со накривени очила и заспива на рамото на славниот глумец, но се чини дека Том добро се забавувал.
9. Том Круз
Откако бил сведок на сообраќајка во која виновникот избегал од местото на несреќата, Том Круз останал со повредената жена, повикал брза помош и платил 7.000 долари за болнички трошоци бидејќи сфатил дека таа нема осигурување.
10. Зек Галифианакис
Пред да стане познат овој симпатичен глумец живеел сосем нормален живот. Една од вообичаените работи му било одењето во перална. Таму ја запознал симпатичната Елизабет „Мими“ Хејст, сега 87-годишна госпоѓа која живеела од бакшишот што ѝ го оставале луѓето по перењето на облеката. Откако станал славен, дознал дека Мими останала без дом. Веднаш ѝ нашол стан во Санта Моника, а Мими го уредила внатре со помош на Рене Зелвегер. Зек се грижи за киријата и сметките, додека Рене често ѝ носи производи на Мими. Покрај тоа, тој често ја носи на своите премиери, а понекогаш се шегува дека му е девојка.