Актерски диви кои без проблем се соблекуваат на филмското платно (+18)
- Детали
- вторник, 17 јуни 2014
Некои од холивудските глумици имаат донесено одлука дека никогаш нема да се соблечат на филмското платно и се придржуваат до тоа. Други, пак, подготвени се да направат сè за уметноста, па често може да ги видиме голи. Тие немаат проблем со тоа како изгледа нивното тело или како ќе го доживеат другите.
Ен Хатавеј
Ен ја започна кариерта глумејќи слатки девојки и принцези. Една од нејзините најпознати улоги е онаа во „Ѓаволот носи Прада“. Но, за некои позначајни улоги и филмови беше подготвена и целосно да се соблече. Такви се: „Планината Броукбек“, „Љубовта и другите дроги“, „Рејчел се мажи“. Самата изјавила дека не ѝ било толку чудно и непријатно гола да ги снима некои од сцените.
Хедер Грејам
Глумицата Хедер Грејам шест пати се појавила гола во текот на кариерата. „Убиј ме нежно“ е филм во кој се појавува гола неколку пати, но исто така ѝ било пријатно додека снима разголени сцени и во други филмови, особено во „Мамурлак“, каде има 44 години, но одлично се чувствува во своето тело.
Пенелопе Круз
Пенелопе често се соблекува во филмовите и тоа е така уште од самиот почеток на нејзината кариера. Таа се соблекла уште во првиот филм кој го снимила. Се разбира филмот постигнал голем успех, но не само заради нејзиното разголување, туку и заради талентот кој го има и често го прикажува на филмското платно.
Кејт Вислент
Кејт е вистински професионалец и во целост е посветена на глумата. Најчесто одбира тешки улоги кои бараат големо вложување, но и разголени сцени, што неа воопшто не ѝ претставуваат проблем. Веројатно најпознатата разголена сцена на оваа глумица е во филмот „Титаник“, но после тоа Кејт се соблекла уште девет пати.
Ким Катрал
Ликот кој таа го глуми во „Сексот и градот“, Саманта Џонс, нема ништо против голотијата и сака сè што е провокативно. Самата Ким не е толку многу провокативна, но често се соблекува за потребите на улогите. Во серијата многупати ја гледавме разголена, а таква се појавува уште во 10 филмови. Но, ветила дека по 50-от роденден нема веќе да се соблекува пред камерите.
Анџелина Џоли
Анџелина се има пофалено дека најзабавно ѝ било кога ги снимала провокативните сцени со Антонио Бандерас во филмот „Првиот грев“. Освен во овој филм, таа се соблекла уште 11 пати. Со оглед на тоа што важи за храбра глумица, не е чудно што ако треба и се соблекува за улогата да биде поуверлива.
Марион Котијар
Харизматичната француска глумица исто така си ја сака својата професија и секогаш дава сè од себе за улогата да биде колку може подобра. Така, симпатичната Марион се соблекла 12 пати, а една од разголените улоги ѝ донесе и Оскар.
Моника Белучи
Моника слободно може да се нарече кралица на голите сцени. Таа се појавува повеќе од 16 пати разголена. Преубавата Италијанка признава дека не се срами и не се плаши да се соблече. Нема ништо против тоа и сосема ѝ е нормално, бидејќи доаѓа од модниот свет.