Венчавка на деценијата: Овој викенд Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ќе кажат „Да“
- Детали
- четврток, 12 јуни 2014
Свадбата на деценијата која во Србија сите со нетрпение ја чекаат, најверојатно ќе се случи викендов во Будва на Св. Стефан.
Тоа што никој од нивното најблиско окружување не сака ниту да ја потврди ниту да ја одрече информацијата и според тоа што летувалиштето Св.Стефан ќе биде затворено за посетители од петок до понеделник, сè упатува на тоа дека големиот ден ќе се случи викендов.
Покрај тоа, во вторникот Ѓоковиќ веројатно ја одбележа и својата ергенска вечер на Ибица каде првпат беше забележан без Јелена во друштво на неколку пријатели тенисери и некои фудбалери.
Со оглед на сето тоа се очекува само уште да се случи венчавката на деценијата.