Познати личности кои не го сакаат семејството Кардашијан
- Детали
- четврток, 12 јуни 2014
Ким Кадрашијан и нејзиното семејство ретко кого оставаат рамнодушен. Нив или некој ги сака или не ги поднесува. Преку нивното реално шоу го запознавате целиот нивен живот, а тоа може да го гледате само доколку навистина ги обожавате и ве интересира сè за нив.
Од друга страна, ако сте погледнале барем една епизода и ви станало јасно за што се работи многу лесно може да ви станат одбивни и да не сакате веќе никогаш да ги видите.
Во оваа втора група има и некои од светски познатите личности кои не ја кријат својата одбивност кон семејството Карашијан.
Рис Витерспун
-Кога влегов во светот на шоубизнисот и кога имаше некое секси видео тоа значеше дека треба да се срамите и да ја криете снимката. Ист впечаток оставаа и голите фотографии направени со мобилен телефон – изјавила Рис, алудирајќи на секси снимката која пред 7 години на Ким ѝ ги отвори вратите на популарноста.
Џон Хил
-Фактот дека шоуто на Кардашијан е попопуларно од серијата „Mad man“ е одвратен. Тоа е ужасен дел од нашата култура, но и понатаму ми е забавно да правам шеги на нивна сметка – рекол Џон
Реј Џеј
Раперот Реј Џеј кој со Ким во 2007 година сними порно видео, минатата година сними песна „I hit it first“, а на фотографијата која ја најавуваше песната се наоѓаше девојка во бикини, малку замаглена, но Ким сигурно се препознала.
Мараја Кери
Кога Ким го прекина бракот со Крис Хемфиз после 72 дена, многу јавни личности во Холивуд го коментирале тој настан. Меѓу нив била и пејачката Мараја Кери.
-Јас сум искрена, не му се претставувам лажно на Холивуд. Понекогаш и јас и Ник се караме, но не се разведовме после 4 месеци, колку да се знае – изјавила Мараја.
Мајкл Бубле
-Дами и господа, имам специјална гостинка, ве молам поздравете ја Ким Кардашијан – рекол Мајкл на концертот во 2011. На што додал: Само се шегувам, таа ку**а нема да биде на оваа бина.
Даниел Крег
Во интервју за магазинот „GQ“ , Даниел Крег изјавил: - На телевизија мора да се однесуваш како идиот за да заработиш милиони. Не оценувам никого, туку само ги изнесувам очигледните работи. При тоа додал дека Кардашијан всушност за него се такви идиоти.
Шер
-Не гледам реални шоуа, никогаш не сум ги следела Кардашијан, ама неа треба да ја пратите по ѓаволите. Не се шегувам – напишала Шер на Твитер.