Колку чинеше свадбата на Ким и Канје - детално!
- Детали
- вторник, 27 мај 2014
Не е ништо ново, сите претпоставувавме дека ќе биде скапа. Дизајнерските фустани, врвните специјалитети и приватните авиони не се евтини, но кој претпоставуваше дека сето тоа ќе достигне милионска сума?
Магазинот People направи точна пресметка на сите трошоци кои Ким и Канје ги имаа изминатиов месец околу свадбената церемонија, па деталните цифри изгледаат вака:
Хотел: Луксузно сместување од $750 до $850 долари по вечер, за 200 гости. Околу $500.000 долари уште на почеток.
Девојачка вечер во ресторанот на Ајфелова кула: $4.100 долари
Лана Дел Реј за само 3 песни: $2.8 милиони долари
Превоз со приватен авион: $70.000 долари
Шминка и фризура за 200 гости: $65.000 долари
Дворецот во Фиренца: $409.000 долари за изнајмување
Ѕид од цвеќе: $136.000 долари
Храна: Доволно е што знаеме дека готвачите работат во ресторани каде една порција паста чини 100 долари.
Венчаницата на Ким: $500.000 долари
Церемонија пред 200 најблиски пријатели: Бесценето. Минус 200.000 долари заради тоа што Бијонсе не беше присутна.
Но, како што гостите признаваат - вредел секој потрошен долар!