Селфито на Северина со нејзиниот син има над 20.000 лајкови
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Нејзините обожаватели ја сакаат секоја фотографија што ќе ја објави и во која се истакнува нејзината убавина. Но, кога на тоа ќе го додадете и нејзиниот син Александар додека заедно позираат на неколку селфи фотографии, тогаш популарноста е сигурна.
Вчера таа на нејзиниот Фејсбук профил објави колаж од неколку селфи фотографии кои ги направила со малиот Александар, додека се забавувале и се дружеле по дома
За познатата фраза „со кого си таков си“ ова е уште една потврда, како тие се забавуваат заедно, а тој ја имитира правејќи ги истите пози и гримаси.
За неполни 24 часа фотографијата има над 20.000 лајкови.
Нема да му одолеете на русокосото слатко момче: