Како Даниел и Жељко ги снимаа сцените од спотот за „Скопје-Белград“? (фото)
- Детали
- среда, 14 мај 2014
Вчера на плоштадот во Скопје се снимаа сцени од спотот за првата заедничка песна на Даниел Кајмакоски и Жељко Јоксимовиќ, „Скопје-Белград“.
Се искористија новите мостови, кои одлично се вклопија во потребната сценографија, делови од пешачката зона на плоштадот, која беше обезбедена за да се сними возењето со автомобил Мерцедес кабриолет, а не пропуштија да се качат и на Водно, од каде го имаат Скопје на дланка.
Според фотографиите од снимањето се забележува дека атмосферата e опуштена и забавна. По снимањето на оние делови кои се појавуваат и Жељко и Даниел, тие заминаa на арената „Филип Втори“ каде на 21 јуни ќе се одржи концертот на Жељко Јоксимовиќ, додека во меѓувреме, камерманите ги снимаа сцените од Скопје во кои не се појавуваат главните ѕвезди.
Се очекува наскоро да видиме интересен и забавен спот кој ќе се врти по сите телевизии.
Погледнете како се снимаше спотот во Скопје: