Даниел и Жељко снимаат заеднички спот во Скопје и Белград
- Детали
- вторник, 13 мај 2014
По завршувањето на големото музичко шоу „Х-фактор“ и победата на нашиот Даниел Кајмакоски, неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ му понудил да снимат заедничка песна со која ќе ги израдуваат обожавателите и уште повеќе ќе ја зголемат популарноста на Балканот.
Песната се вика „Скопје-Белград“, а зборува за тоа како Даниел бара девојка во Белград, а Жељко во Скопје. Токму затоа и видео-записот се снима во овие два града. Денес дел од сцените беа снимени и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје.
Нивната публика едвај чека сето тоа да излезе многу наскоро, а со нетрпение се очекува и 7 јуни, за кога е закажан големиот концерт на сите ѕвезди од „Х-фактор Адриа“.
фото извор: https://www.facebook.com/DanielKajmakoski241825259316225?ref=br_rs