Светски супермодели кои станаа мултимилионери
- Детали
- вторник, 29 април 2014
Иако убавината е минлива, некои од најдобрите модели знаејќи го тоа, вешто ја изградија својата кариера врз основа на својот изглед. Погледнете кои пет супермодели станаа препознатливи имиња не само во модата, туку и меѓу мултимилионерките.
1. Хајди Клум (70 милиони)
Германката која сега има 40 години и три родени деца, стана позната како модел за костими за капење и долна облека. Во светот се проби со насловната страница на „Sport Illustrated“ на кое се појавила во 1998 година. Како дел од ангелите на „Victoria’s Secret“ работела дури 13 години, иако познатиот дизјнер Карл Лагерфорд ја нарекол „предебела“ и дека има преголеми гради, сепак нејзините облини ги обожаваат и мажите и жените ширум светот.
Бидејќи веќе не се шета по модните писти, Хајди се посветила на добротворната работа и водителската работа. Беше водителка на реалното шоу „Runway Project“ и германската верзија на „Next top model“. Освен тоа, Хајди е модна дизајнерка и партнер во брендот „New balans“. А сњ појавува и во некоја од собите ан „Сексот и градот“ и во „how I met you mother“. Нејзиното богатсво се проценува на 70 милиони долари.
2. Жизел Бундшен (290 милиони)
Без сомневање, Жизел е една од најпопуларните модели во светот. Таа се занимава со манекенство уште од 16 години и до сега беше заштитно лице на многу брендови како што „Versace“, „Dior“„Dolce & Gabbana“. Жизел е голем поборник за здравиот начин на живот, затоа е и еден од амбасадорите на САД. Како бизнисменка, Жизел најмногу зарабува од својата линија за долна облеа, козметика и јапоникте „Ipanema“. Taa важи за најбараниот и најплатениот модел. Само во 2013м година има заработено околу 12 милиони долари.
3. Кејт Мос (30 милиони)
Ја откриле уште кога имала 14 години во 1988 година и покрај тоа што е пониска од повеќето модели , често имала проблеми со законот и дрогата, сепак таа е една од најплатените и најбараните модели. Имала прилично богата и долга кариера . Само дел од брендовите за кои се појавувала се „Calvin Klein“, „Burberry“ I „Dior“.
Покрај модните писти, Кејт има и лично нејзини 4 парфеми со нејзиниот потпис, линија чанти и модни додатоци.
4. Тајра Бенкс (90 милиони )
Исто како и Хајди Клум и Тајра стана позната благодарение на насловните страници на кои се појавува во магазинот „Sport Illustrated“ и работата како еден од ангелите на „Victoria’s Secret“. Таа е и глумица, телевизиски продуцент, водителка и писателка. Има емисија која е стигната веќе и до својата 21 сезона.
Тајра е основач на фондацијата која им помага на жените да го изградат своето мислење и самодоверба за да можат да ги остварат сите цели. Магазинот „Times“ ја има прогласено за една од највлијателните луѓе во светот.
5. Наоми Кмпбел (48 милиони)
Со 43 години, Наоми веројатно ќе остане запомнета како модел, но и личност со многу незгоден карактер. Таа е една од првите светски супермодели и била на насловните страници од над 500 магазини, а прва се појави на насловните на „Time“ и „Vogue“. Наоми им ја отвори вратата на многу црни девојки Уште во 1993 година започнала соработка за помош со Нелсон Мандала , а подоцна основала и своја фондација, во која се собирале средства за различни социјални потреби.