Адријана Лима го остава Јариќ заради неверство?
- Детали
- четврток, 24 април 2014
Бразилската манекенка Адријана Лима ангажираше тим адвокати кои ќе ја разведат од српскиот кошаркар Марко Јариќ, затоа што ја изневерил по втор пат.
Бразилската убавица се пожалила на една своја пријателка за време на снимањето во Истанбул, а турските медиуми веднаш ја пренесоа оваа информација.
- Еднаш поминав преку неверство, втор пат нема - наводно и признала Лима на својата пријателка.
Откриено е и дека Лима сака само старателство над Валентина и Сиена, а се откажува од алиментација и куќата во која моментално живеат.
Овие гласини дополнително се загреаја по велигденските празници, кои Адријана ги помина со своите 2 ќерки во куќа во Мајами, додека Јариќ никаде не се појави.