Лупита Нионго ја премина Анџелина: Таа е најубавата жена во светот
- Детали
- четврток, 24 април 2014
Лупита Нионго која годинава го освои Оскарот за својата извонредна улога во филмот „12 years a slave“, успеа да ја премине и Анџелина Џоли.
Таа е прогласена за најубава жена на светот според магазинот „People“. Најчесто ова признание го добиваше Анџелина Џоли, но убавата црнокожа девојка од Кенија успеа да ги освои симпатиите насекаде.
Лупита се најде на насловната страница на овој магазин и уште еднаш ги урна сите предрасуди и докажа дека секој е убав на свој начин, доколку верува во себе и го покажува најдоброто.
„Ова е навистина голем, голем комплимент за мене. Среќна сум за сите девојки кои ќе може да ме видат на насловната страница“, изјавила глумицата, која во минатото имала проблем со самодовербата токму поради бојата на кожа.