Жешките ангели Адријана Лима и Кендис Сванапул го донесоа најголемото модно шоу во Лондон
- Детали
- среда, 16 април 2014
Адријана Лима и Кендис Сванапул допатуваа во Лондон за официјално да најават дека годинава спектакуларното шоу на „Victoria’s Secret” ќе се одржи во кралскиот Лондон. Сексапилните ангели ги привлекуваа очите и објективите каде и да се свртат.
Промотивниот настан се одржа во бутикот на „Victorias Secret“ како дел од ланецот на овој бренд. Одржувањето на шоуто во Лондон е само привремено оваа година, како за промена.
Стандардите остануваат исти, бројот на поканите е ограничен, но она што со сигурност го потврди Лима е дека една покана за во првиот ред ќе има за принцот Хари.
Се очекува на пистата да продефилираат и некои британски модели кои ќе промовираат некој од фантастичните градници и костуми.
За време на оваа посета во Лондон, Адријана го истакна своето раскошно деколте со краток црвен фустан од колекција на Метју Вилијамсон и чевли на Џузепе Ѕаноти.
Додека, пак, Кендис заведуваше во припиен бел фустан од Ролан Муре и чевли на Кристијан Лобутин.