Прекрасни и без шминка: Холивудски природни убавици
- Детали
- четврток, 10 април 2014
Бројни ѕвезди не се осмелуваат да излезат во јавноста без совршено тонирана кожа, но некои од нив сепак може да се пофалат дека изгледаат феноменално и без многу труд.
Совршена кожа и природни очи во преден план е она со што може да се пофалат овие славни убавици.
Ева Лонгорија
За прв пат се појави без шминка на насловната на People уште во 2007 година, и од тогаш постојано изјавува дека освен ако не работи, обожава да е без шминка. Заштитно лице е на огромен број козметички куќи и линии, па нејзиниот егзотичен изглед делува неодоливо дури и без грам шминка.
Ријана
Кога не е на настапи и снимања, и Ријана е кралица на природната убавина. Зелени очи, темна кожа и темна коса - има ли подобар спој?
Бијонсе
Природната Бијонсе е жената покрај која секој маж сака да се разбуди. Со перфектна кожа со боја на кафе и огромни очи во облик на бадем, Бијонсе дефинитивно е на првото место. Нема маана!
Скарлет Јохансон
За разлика од сите претходни, русата коса и бледа порцеланска кожа е она што Скарлет ја прават совршена убавица. Со причина е заштитно лице е на многу козметички кампањи кои преферираат природен, негуван изглед.