Џенифер Анистон непрепознатлива без шминка, со лузни по лицето
- Детали
- среда, 09 април 2014
Иако понекогаш папараците успеваат да ги фатат познатите без шминка или без соодветна облека, сепак не би можело, а да не се забележи досега дека Џенифер Анистон, ѕвездата од „Пријатели“ и поранешна сопруга на Бред Пит, има огромна лузна на лицето.
Вообичаено, каде и да се појави изгледа одлично, но овојпат не е во најдобро издание.
На снимањето на новиот филм „Cake“ за потребите на улогата на жена која доживеала сообраќајна несреќа, Џенифер морала да се појави без воопшто шминка.
Го открила вистинското лице, на кое веќе се забележуваат годините, но морала да добие и една голема лузна за да биде поавтентична улогата.
За среќа, лузната не е вистинска и е само дел од филмската шминка.
Ова се дел од уловените фотографии за време на снимањето: