Што нè чека во последната сезона на Mad Men?

Mad Men ве замолува да ги исклучите мобилните телефони и да ги врзете појасите. Време е за полетување!

sto-ne-ceka-vo-poslednata-epizoda-na-mad-men-01

На 13 април премиерно ќе биде емитувана првата епизода од 7 сезона на култната серија Mad Men. Сезоната ќе има 14 епизоди, кои ќе бидат поделени во два дела. Првите 7 епизоди ќе почнат со емитување на 13 април 2014, а другите 7 на 13 април 2015.

Откако 6-та сезона заврши со нервниот пад на Дон Дрејпер, тој ја изгуби работата, но успеа да се смири со своите деца, сега време е да влеземе во едно ново поглавје од неговиот живот.

Дон и Меган веројатно ќе се разведат, но фотографијата како да ни навестува дека можеби Меган нема да биде подготвена да го пушти, можеби ќе се бори за него иако во 6 сезона таа побара развод. Додека, Дон изгледа како веќе да е помирен со нивната разделба. Но, кој не би се борел за некој кој изгледа како Дон Дрејпер.

sto-ne-ceka-vo-poslednata-epizoda-na-mad-men-02

На фотографија подолу ги имаме и Дон и Пеги. Пеги е втората најважна жена во неговиот живот. Таа и Дон се свртени во различни правци, што кореспондира со нивната разделба во 6 сезона. Пени разгледува наоколу, таа е подготвена да го напушти својот ментор и да започне своја кариера.

sto-ne-ceka-vo-poslednata-epizoda-na-mad-men-03

И Дон и Роџер се повторно на заеднички лет, додека стјуардесата ги послужува со пијалок, што навестува дека двајцата и покрај разидувањето во 6 сезона, повторно ќе бидат на иста страна.  

sto-ne-ceka-vo-poslednata-epizoda-na-mad-men-04

Сè до премиерата на првата епизода, погледнете ги тизерите за 7 сезона:

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Најпознатите русокоси од Холивуд - Филмовите кои ги снимија уште се хит поради нивната убавина Ел Вудс, Рејчел Грин, Саманта Џонс, Елвира Хенкок се само дел од улогите кои ги ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg