Ќерката на Адријана Лима опкружена со луксузни подароци
- Детали
- понеделник, 17 март 2014
Најпознатиот ангел на „Victoria’s Secret“, Адријана Лима како и бројни нејзини колешки поради својата популарност добива разни подароци од светските дизајнери.
Една од нив е и дизајнерската облека и разните модни додатоци кои редовно стигнуваат на нејзината домашна адреса.
Викендов посебно се израдувала на подарокот испратен од престижната модна куќа „Givenchy“. Сината чанта од најновата колекција посебно ѝ се допаднала и на нејзината ќерка Валентина, која не го криела одушевувањето од новиот луксузен моден додаток.
Адријана често во интервјуата нагласува дека Валентина од неа ја наследила големата љубов кон модата, па неретко им приредува модни ревии по дома со нејзината облеката.