Кога ќе се претера со пластични операции: Ѕвезди кои некогаш изгледаа прекрасно
- Детали
- среда, 12 март 2014
Наместо да изгледаат помладо и подобро, овие познати личности имаа далеку поразлични ефекти по многубројните пластични операции и зафати.
Попаметно ќе им беше да останеа природни:
Тори Спелинг - Со претераните пластични операции Тори си го уништи здравјето. Вградувањето на силикони и предизвика болки и деформации на градите, заради што го тужеше својот хирург.
Мег Рајан - Откако западна во замка за вечна убавина и младост, Мег Рајан ги зголеми усните и си вгради силикони во образите. Но, од нејзините фанови доби само смешна споредба со Џокер, непријателот на Бетмен.
Џенифер Греј - Не ја препознавате? Џенифер Греј беше партнерка на Партик Свејзи во „Dirty Dancing“ и неколку години важеше за најприродната убавица во светот. Но, кога хируршките зафати се замешаа, резултатите беа разочарувачки.
Тара Рид - Убавината на Тара многу пати беше мета на пофалби, но желбата за совршенството во Холивуд никогаш не мирува. Затоа, Тара подлегна на операции на стомакот и градите, кои денес изгледаат далеку од привлечно.
Донатела Версаче - Од ’90 години до ден денес Донатела има огромен број на операции, од кои најнеуспешна беше онаа за пополнување на усните.
Мики Рурк - Некогаш неодоливиот Мики Рурк исто така се обиде да ја сочува младоста со пластични операции, но за жал, само го уништи својот изглед.
Жозелин Вајлдстајн - Оваа жена стана сè што никогаш никој не смее да биде. Претера во секој поглед и на секој дел од нејзиното лице, па денес Жозелин изгледа како лоша антиреклама за оваа гранка на медицината.