Оскари 2014: Метју Меконахи му го зема оскарот на Леонардо ди Каприо, а најдобар филм е „12 Years a slave“
- Детали
- понеделник, 03 март 2014
Оскарите по 86-ти пат ги избраа најдобрите филмски остварувања. Во Лос Анџелес во театарот „Долби“ шоуто го отвори познатата водителкка Елен ДеЏенерис која на уникатен и шармантен начин нè водеше и забавуваше во текот на целата програма. Леонардо ди Каприо и понатаму останува без посакуваниот оскар.
Од 10 номинации, апсолутен победник со 7 освоени оскари е филмот „Gravity“, но за најдобар е прогласен „12 Years a slave“. Метју Меконахи има најдобра машка улога, а Кејт Бланшет има најдобра женска улога.
Ова е целосната листа на добитници:
Најдобар филм:
„12 years a slave“
Најдобра режија:
Алфонсо Куарон („Gravity“)
Најдобра машка улога:
Метју Меконахи („Dallas Buyers Club“)
Најдобра женска улога:
Кејт Бланшет („Blue Jasmine“)
Најдобра споредна машка улога:
Џаред Лето („Dallas Buyers Club“)
Најдобра споредна женска улога:
Лупита Нуонго („12 years a slave“)
Најдобар анимиран филм:
„Frozen“
Најдобар странски филм:
„The great beauty“ (Италија)
Најдобра костимографија:
„The great Gatsby“
Најдобри визуелни ефекти:
„Gravity“
Најдобар краток анимиран филм:
„Mr. Hublot“
Најдобар краток документарец:
„The lady in number 6“
Најдобар долгометражен документарен филм:
„20 Feet from Stardom“
Најдобар звук:
„Gravity“
Најдобро оригинално сценарио:
„Her“
Најдобра шминка и фризура:
„Dallas Buyers Club“
Најдобра кинематографија:
„Gravity“
Најдобра монтажа:
„Gravity“
Најдобра оригинална музика:
„Gravity“
Најдобра филмска оригинална песна:
„Let it go“ („Frozen“)
Најдобро адаптирано сценарио:
„12 Years a slave“
Најдобро оригинално сценарио:
„Her“