Танц со ѕвездите 2: Ѕвездите ќе играат на песни изведувани од бенд во живо
- Детали
- петок, 14 февруари 2014
Викендов за првпат ѕвездите и танчарите во „Танц со ѕвездите“ ќе играат на песни изведувани од бенд во живо.
Продукцијата „Дрим фактори“ направи нов чекор во втората сезона на македонската верзија на најпопуларното светско шоу „Танц со ѕвездите“.
Во четвртата по ред елиминациона емисија ќе гостува единствениот Петар Ренџов со извонредниот „Тумбао салса“ бенд кои музички ќе ги поддржуваат паровите.
Како што се намалува бројот на танцови двојки, така шоуто станува сè поинтересно, но и повозбудливо бидејќи само еден пар на крајот ќе се круниса со титулата за најдобра танцова двојка во оваа сезона.
Минатата недела последниот танц го изиграа манекенот Стефан Лошковски и танчарката Симона Веселиновска, кои иако важеа за фаворити, го напуштија шоуто.
Во сабота и недела со почеток во 20:15 часот ќе дознаеме која е следната танцова двојка која ќе се збогува со шоуто кое важи за едно од најгледаните во Македонија.