Танц со ѕвездите 2: Стефан Лошковски и Симона Веселиновска го изиграа последниот танц (видео)
Ватерполистот и фотомодел, Стефан Лошковски и неговата професионална танцова партнерка Симона Веселиновска го изиграа последниот танц во втората сезона на „Танц со ѕвездите 2“.
Стефан и Симона во третата елиминациона емисија настапија со танго. Иако во претходните емисии беа далеку од излегување, сепак малиот збир на оценките од жирито и гласовите од публиката ги смести на последното место на табелата.
Стефан најчесто беше критикуван за неговата сериозна и вкочанета лицева експресија, која според жирито не соодветствуваше со секој танц кој го играа.
Иако беше еден од омилените на женската публика, за жал овој викенд тој го одигра последниот танц заедно со Симона.
Во продолжение погледнете го последниот танц на Стефан Лошковски и Симона Веселиновска.