Семејството Бекам во првите редови на ревијата на Викторија (фото)
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Дејвид Бекам, заедно со своите 4 дечиња, гордо ја следеше зимската ревијата на Викторија која ја претстави за време на Њујоршката модна недела.
Најмалечката Харпер беше неразделна од својот татко, додека Бруклин, Ромео и Круз седеа „рамо до рамо“ со Ана Винтур.
Дејвид носеше сиво-црна елегантна комбинација надополнета со силно жолта кравата, која изгледаше зачудувачки добро на него.
2-годишната Харпер на себе имаше сива туника, додека Бруклин, Ромео и Круз се појавија во најелегантни изданија до сега.
Бруклин носеше црно-бело класично одело, а Ромео беше целосно облечен во најновата колекција на Burberry, исто како и Круз.
Одлично стилизираните Бекам момци и Харпер будно ја следеа модната линија на својата мајка и сопруга Викторија од првите редови, а по ревијата, во попладневните часови, се упатиле кон елитен ресторан каде уживале во неколку часовен семеен ручек.