Веќе видено: Емина во ист фустан со позната турска актерка
- Детали
- среда, 05 февруари 2014
Иако Емина самоуверено и гордо се појавува во секоја нова емисија и се труди да ги воодушеви сите со својот изглед, не секогаш е уникатна.
Вчерашната црвена луксузна тоалета која ја носеше, сепак не е со специјална намена за неа во шоуто „X-фактор“.
Долгиот фустан е дело на модниот дизајнер Озгур Масура, а првпат го има носено убавата турска глумица, Фахрије Евџен, попозната како Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Дали тоа го знаела Емина, но сепак ѝ се допаѓало како изгледа во него или сакала да наликува токму на оваа турска глумица, останува да се изјасни на некоја од социјалните мрежи каде е постојано активна.
Која вам ви се допаѓа повеќе?