Кејт Мидлтон уште на 11 години научила како да биде принцеза (видео)
- Детали
- среда, 29 јануари 2014
Пред да се омажи со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон како 11-годишно девојче глумела во школската театарска претстава „My fair lady“ во улога на Елиза Дулитл.
Таа всушност глуми дама која оди на часови кај професор кој ја учи како да влезе во круговите на „високото друштво“.
Во претставата учи како правилно да го изговара англискиот јазик со британски акцент, а со оглед на тоа што прави грешки, публиката се забавува и се смее постојано.
Покрај Кејт во претставата глуми и Ендру Александер кој во меѓувреме стана и познат глумец , а се зборува и дека тој бил првата љубов на Кејт.
Веројатно Кејт уште од мала се подготвувала за својата животна улога.
Погледнете ја малата 11-годишна војвотка од Кембриџ: