Која е убавицата која се прослави по апсењето на Џастин Бибер?
- Детали
- петок, 24 јануари 2014
Џастин Бибер овој четврток беше уапсен заради возење во пијана состојба и е задржан во затвор заради неважечката возачка дозвола, а благодарение на овие негови прекршоци една убавица за само неколку часа стана најпопуларната девојка на социјалните мрежи.
Нејзиното име е Chantel Jeffries, а се прослави веднаш откако беше забележана во жолтото Ламборџини на Бибер, во моментот кога тој беше уапсен.
Откако веста започна да кружи на интернет, се појави и фотографија од неговиот “партнер во криминалот.” Заради атрактивниот изглед, но и дружбата со Бибер, Шантел доби светска слава за само неколку минути.
Сите кои ја видоа до сега, ја нарекоа следната Ким Кардашијан. Како ви изгледа вас?