Со полни гради за Перо Антиќ
- Детали
- среда, 22 јануари 2014
Македонските фанови на Перо Антиќ се неуморни во својата поддршка и не престануваат да смислуваат креативни и луди пораки само за да го видат својот миленик во селекцијата на NBA All stars.
По фотографијата на младиот Иван Менкиноски, кога на своето тело испиша порака до Шекил О`Нил и Чарлс Баркли дека ако го одберат Перо Антиќ да настапува во натпреварот со ѕвездите, ќе отпатува во Америка и до крајот на сезоната ќе им ги одржува тревниците само со помош на ножички за нокти, овојпат уште попровокативна порака е испратена.
Засега непозната девојка која исто така е огромна обожавателка на Антиќ, решила да се фотографира гола и на своите гради да го испише името на Перо Антиќ како провокативно барање за да настапува на All Stars натпреварот.
Фотографијата вртоглаво се шири и се споделува, па се очекува да стигне и на вистинското место каде што треба да ја постигне целта и да го видиме Антиќ на натпреварот со ѕвездите.
Дали ова доволно ќе ги испровоцира кошаркарските легенди и ќе му дадат шанса на Перо Антиќ или можеби некој има уште полуда идеја?