Како ќе изгледа венчаницата на Ким Кардашијан?
- Детали
- вторник, 21 јануари 2014
Уште од денот кога Канје Вест ја запроси Ким, целиот свет со огромна љубопитност го следи животот на овој пар. Каков е прстенот, на кого личи нивната ќерка, каков е нивниот дом...
Сега на ред е прашањето: Како ќе изгледа венчаницата на Ким Кардашијан?
Последниот пат кога застана пред олтарот носеше 3 потполно различни, но подеднакво прекрасни, гламурозни венчаници. Баш затоа, сега сите се прашуваат дали би можела да изгледа посовршено?
Ким моментално на располагање има 11 потполно различни модели на венчаници, со потполно различни модни потписи.
Еве што овој големите дизајнерски имиња скицираа за неа:
Покрај тоа, изминатиов викенд Ким и Канје се видени во Париз, како свадбени извидници.
Како што неколку извори наведуваат, во неделата навечер славниот пар го посетил легендарниот Chateau de Versailles замок во Версај.
Прочуениот замок се наоѓа на само 30 минути од Париз, изграден е во 17 век и бил дом на Марија Антоанета.
По мислење на многумина, ова е една од најелегантната градба на сите времиња, па токму затоа Ким и Канје можеби ќе ја одберат како место за својата свадбена церемонија.