Светски пејачи кои само отвораат уста

Ако мислевте дека само некои од нашите музички ѕвезди пеат на плејбек и се изненадувате кога ќе запеат во живо, со чест на исклучоците, многу светски ѕвезди го прават истото. Дури некои од нив се навистина реномирани и познати по своите вокални способности, но сепак, не секогаш го „трошат“ гласот на своите настапи.

 svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-01

Дознајте кои светски ѕвезди на своите настапи само отвораат уста:

Мараја Кери

Иако сите се согласуваат дека има фантастичен глас, таа упорно на настапите користи плејбек.

Многу пати ја обвинувале за тоа, но најмногу ги изнервира фановите кога настапуваше на финалето на „Американскиот идол“ 2013, кое е токму такво шоу каде целта е сите да пеат во живо, а таа само мрдаше со устата.

svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-1


Шакира

Настапуваше на ФИФА концертот по повод почетокот на фудбалското првенство и повеќе од очигледно беше дека пее на плејбек.

Имено, нејзината песна „She wolf“ почна пред таа и воопшто да се појави на сцената.

После тоа, изгледаше како да не се ни труди да ги следи зборовите од песната. Со овој настап таа заработи многу негативни коментари.

svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-2


Крис Браун

За време на доделувањето на „Билборд“ музичките награди 2012 година Крис настапи на плејбек, а тоа беше негативно коментирано од неговите колеги Џо Џонас и Пинк.

svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-3


50 cent

Дури и раперите избегнуваат пеење, односно рапување во живо!

Тој во 2007 година на доделувањето на БЕТнаградите со својот настап зачуди многумина. Ја рапуваше својата песна, при тоа без и воопшто да ја отвори устата.

svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-4


Ешли Симпсон

Нејзиниот настап во емисијата „Saturday Night Live“остана забележан и незаборавен, бидејќи откако застана на сцената и почна плејбек снимката од песната, а таа не доби знак дека треба да ја отвори устата, се симна лута од сцената и си замина.

svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-5


Бијонсе

Јавно е понижена откако се откри дека американската химна која минатата година ја отпеа на инаугурацијата на Барак Обама била на плејбек.

Таа се правдала дека немала соодветна тонска проба, па не сакала да ризикува.

Две недели подоцна, Бијонсе на конференцијата за новинари започнала да ја пее химната во живо, после што им се обратила со зборовите: „Имате ли некое прашање?“

svetski-pejaci-koi-samo-otvoraat-usta-6

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg