Роберт Патинсон на почетокот на кариерата изгледал како девојка!
- Детали
- петок, 17 јануари 2014
Популарниот глумец денес ги шармира девојките ширум светот, но на почетокот на неговата кариера изгледал исто како нив.
Роберт Патинсон открил дека модата никогаш не го интересирала премногу, но дека на почетокот на кариерата снимил неколку рекламни кампањи кои за среќа не го одредиле понатамошниот правец на неговата кариера.
„Кога почнав да се занимавам со шоу бизнис, бев многу висок, имав нежни црти и личев на девојка, така што добивав многу понуди за работа, со оглед на тоа дека андрогените модели тогаш беа кул“, раскажал Патинсон, но додал дека неговата кариера била многу кратка.
„Многу скоро станав прилично мажествен, па веќе не сакаа да ми даваат такви работни понуди“.