Блу Ајви веќе има подобра година од сите вас! (фото)
- Детали
- четврток, 16 јануари 2014
Некому за ваков луксуз му се потребни многу години, можеби и цел живот, а малата Блу Ајви го ужива само за две недели.
Уште од прославата на Нова година, па нејзиниот роденден и роденденот на нејзината баба Тина Ноулс, Блу Ајви не престанува да се забавува.
Блу Ајви ужива заедно со своите родители Бијонсе и Џеј Зи во сиот луксуз кој го нуди хотелот на „Версаче“ во Мајами, на тематската роденденска забава и прославата на 60-тиот роденден на нејзината баба Тина.
На нејзиниот роденден имала привилегија покрај неа да шетаат мал бел тигар и мало мајмунче. На главата носела роденденска круна со дијаманти, а сите гости имале исцртана пеперутка на лицето.
Во сето ова уживале и нејзините родители и нивните пријатели.
Погледнете ги фотографиите како ужива Блу Ајви уште на почеток од годинава: