Даниел Кајмакоски на концерт во Охрид
- Детали
- вторник, 14 јануари 2014
Овој петок, на 17. јануари, по повод прославата на големиот празник Водици, свој концерт во Охрид ќе има Жељко Јоксимовиќ.
Како што се случуваа неговите концерти и во другите градови на Балканот, тој со себе поведуваше дел од натпреварувачите од својата група.
Повеќе од очекувано е штом доаѓа во Македонија, дека со себе го носи и нашиот Даниел.
Оваа информација Даниел ја потврди и на својата фан страница на Фејсбук, каде изрази особена гордост, среќа и задоволство што конечно ќе може да настапи во својата Македонија пред сите негови македонски фанови кои едвај го чекаат.
Се чини дека Охрид ќе има втора шанса за да ја поправи грешката што дозволил таков бисер да биде незабележан во 2009 година на „Охридскиот фестивал“.
Даниел искрено се радува и ја очекува поддршката од многубројната публика. Сега е вистинскиот момент да му покажеме колку навистина го сакаме и поддржуваме.
Ќе одите викендов на концерт во Охрид?