Кога Бијонсе изненадно ќе ви дојде на журка, а вие нема да ја препознаете
- Детали
- петок, 10 јануари 2014
Во придружба на својот сопруг, Џеј Зи и нејзината пријателка и колешка од Desteny’s Child, Кели Роланд, Бијонсе влегла на караоке забава во еден клуб, но никој не ја препознал.
Додека внатре се забавувале десетина девојки кои го изнајмиле просторот за да пијат, пеат и слават, не биле свесни што може да им се случи и кој сè е околу нив.
Дури и додека пееле еден од нејзините хитови и таа случајно им се придружила, не ја препознале. Бијонсе заедно со Кели Роланд почнале да танцуваат со нив, но сè уште не биле откриени.
Сето тоа траело додека една од девојките не ја погледнала подобро Кели и ја препознала.
Тогаш веќе и Бијонсе била откриена, по што следувал шок, неверување, па општо лудило од радост и фотографирање.
Неверојатно е што дел од девојките поради многу алкохол и долго забавување заспале, но никој не ги разбудил кога се фотографирале со светската ѕвезда. Тоа е најголемата шанса за која сигурно ќе жалат.
Верувале или не, ова не било ниту договорено изненадување, ниту скриена камера. Само едноставна желба и случајност на минување за Бијонсе.
За среќа, сето тоа е документирано и на сигурносните камери на клубот, а дел од фотографиите се објавени и на нивната Фејсбук фан страница.