Елен Деженерис ќе ги води „Оскарите“, а Џенифер Лоренс „Златен глобус“
- Детали
- петок, 10 јануари 2014
Комичарката Елен Деженерис ќе ги води овогодинешните Оскари, бидејќи организаторите не се баш задоволни од минатогодишниот водител Сет МекФарлан.
Ова ќе биде втор пат Елен да ја води престижната додела на наградите, откако во 2007 година доби голем број на позитивни коментари.
Но, претходно, на 12 јануари не очекува 71то доделување на Златни глобуси, на кое помеѓу презентерите ќе се најде и прекрасната Џенифер Лоренс.
23-годишната Џенифер Лоренс откри дека е претерано возбудена што ќе ја има таа чест да застане на сцената во придружба на Роберт Дауни Џуниор и Џими Фелон, па уште од сега започнала да ја бара совршената тоалета.
Ви се допаѓа изборот?