Џастин Тимбрлејк и Џесика Бил се разведуваат?
- Детали
- среда, 25 декември 2013
Џастин и Џесика беа највљубената двојка до пред само неколку дена, сè додека Џастин не се појави сам и без венчалниот прстен.
На шоуто „Saturday Night Live“ Џастин се појави без неговата понежна половина, но го изостави и венчалниот прстен.
Според изјавите на присутните Џастин продолжил сам и на забавата по настанот и останал приближно до 5 часот наутро, повторно без неговата сопруга.
Покрај тоа, полека се открива како Џесика не го придружува на неговата турнеја, ниту пак на пробите, како што имала обичај до сега.
Ова не е прва шпекулација за нивниот развод. Минатиот пат кога Џесика Бил беше отсутна од Американските музички награди, за прв пат медиумите објавија дека бракот им е разнишан.
Но, Џесика на Твитер се огласи само неколку минути подоцна: „Вечерва го следам шоуто од дома! Смирено интернет!“