Роб и Кристен заедно ќе ја прослават Новата година
- Детали
- среда, 25 декември 2013
Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон официјално ја прекинаа својата врска пред 7 месеци, но различни извори сега тврдат дека славната двојка повторно е заедно.
Наводно, Кристен испланирала со својот бивш-сегашен избраник да ги помине Божиќните празници, додека неговиот план бил да го официјализираат смирувањето на денот на Нова Година.
Според неколку странски извори, Кристен е очајна за да го види Роберт и верува дека патот на нивната омилена дестинација ќе ги промени работите.
„Ако оди да го посети Роб во Англија, тоа ќе биде по Божиќ. Таа навистина сака да отпатуваат на островот Вајт. Можно е таму да ја прослават Новата година, баш како кога беа заедно. Таа сака Новата 2014та да ја мине во паб, пиејќи пиво, смеејќи се со Роб,“ открива изворот.