Дали е ова најзгодниот пар во Холивуд?
- Детали
- понеделник, 02 декември 2013
Убави, млади и популарни – актерскиот пар Џеси Меткалф и Кара Санатана се вистинска мамка за нивните фанови, но и за папараците. Денот на благодарноста го поминале на плажа, а гледајќи ги нивните секси затегнати тела сигурно не јаделе од празничната трпеза.
Свршениците се одморале во Канкун, Мексико во луксузно одморалиште кое го обожаваат славните, и заедно се опуштале во спа центарот. Бидејќи се постојано активни, не само што вежбале и трчале по плажата, туку ги посетиле и скриените заливи на Канкун.
Парот кој моментално е еден од најзгодните во Холивуд се свршија минатата година, а наскоро ја планираат и венчавката.
Џеси, кој е познат како најзгодниот градинар од серијата „Очајни домаќинки“, моментално работи на римејкот на популарната тв – драма „Далас“, додека Кара глуми во новиот хорор филм „Reunion“.
Погледнете како си поминале во Мексико: