Српските медиуми сè уште не можат да му ја простат изјавата на Жељко Јоксимовиќ за Фифи (видео)
- Детали
- четврток, 14 ноември 2013
Коментарите „За“ и „Против“ настапот на Фифи и коментарот на Жељко Јоксимовиќ никако не стивнуваат дури и по 3 недели.
Сè уште продолжуваат емисиите и анализите од страна на различни организации, медиуми и индивидуалци од целиот Балкан, кои го следат ова шоу и сметаат дека Жељко треба да се извини за тоа што гласаше со „Не“ за Фифи, само затоа што е транссексуалец.
Во една од емисиите на српска тв - станица која се занимава со коментари на настани од минатата недела, водителот со потсмев му се обрати на Жељко:
„Не ми е јасно како човекот кој до сега четири пати бил на најгеј натпреварувањето „Евровизија“, изјавува дека е шокиран“- вели водителот.
На крај тој заклучува: „Значи според Жељко, во музичката индустрија најважно е како изгледаш, а како пееш не е важно...Е сега ми е јасно како Жељко станал пејач“.
Погледнете дел од емисијата и слушнете ги коментарите на водителот: