Ким Кардашијан во проѕирен фустан ослабена 22 килограми (фото)
- Детали
- петок, 01 ноември 2013
Во популарното шоу на Џеј Лено, познатата старлета Ким Кардашијан ги покажа своите секси облини во бел проѕирен фустан од чипка, под кој се гледаше нејзината црна долна облека.
Таа не ја криеше возбудата и задоволството што ослабела дури 22 килограми по породувањето. Призна дека многу ѝ пречеле коментарите за нејзиниот изглед за време на бременоста и тоа ѝ било најголем предизвик.
Се криела од јавноста додека не ја добила посакуваната линија, што на големо изненадување со помош на Аткинсовата диета, која се заснова на протеинска храна, ја постигнала за многу краток период.
Покрај диетата таа зборува и за моментот кога Кание Вест ја запросил на нејзиниот роденден, откако ја однел во ресторан каде на голем екран пишувало: „Те молам, омажи се за мене!“, а во позадина свирела нејзината омилена песна од Лана дел Реј, Young & Beautiful. Тоа бил момент кој ѝ се чинел како бајка.
За сметка на сите злобни критики, Ким Кардашијан, уште еднаш покажа зошто е една од најзборуваните и најфотографираните јавни личности.
Погледнете во видеото како навистина изгледа и се чувствува: