Мила Кунис обожава да ја носи облеката на Деми Мур
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2013
Фамозниот љубовен триаголник помеѓу Ештон Качер, Мила Кунис и Деми Мур изгледа никогаш нема да престане да ги полни медиумските простори со чудни приказни.
Најновото случување на кое Деми Мур не остана рамнодушна беше појавувањето на Мила Кунис во нејзина гардероба и накит.
„Кога Ештон и Деми се разведоа, тој случајно понел по некое нејзино парче облика и накит. Изгледа на Мила баш тие парчиња и се допаднаа. Деми непријатно беше изненадена кога на интернет виде фотографија од сегашната девојка на Ештон на која ја препозна својата гардероба. Беше во тотален шок!“, наведува извор близок до актерката.
Ова е прилично бизарна ситуација, но кога се во прашање Ештон, Мила и Деми, може сè да се очекува.