Како ѕвездите зборуваат странски јазици? (видео)
- Детали
- среда, 09 октомври 2013
Ќе се изненадите колку многу работи не сте знаеле за светски познатите ѕвезди.
На пример, додека вие гледате што облекле и каква фризура имаат, тие изненадуваат со рускиот, германски и италијански акцент.
Мила Кунис одлично го владее рускиот јазик. На 7 годишна возраст таа живеела во Украина, по што може да се пофали со билингвално детство.
Сандра Булок се обраќа и на германски и одлично и оди. Нејзината мајка била оперска германска пејачка, па Сандра ја искористила можноста да научи уште еден јазик.
Гвинет Палтроу изненадува со шпанскиот јазик, но и со прекрасната приказна како го научила. Наводно, таа на 15 годишна возраст постојано посетувала едно мало шпанско гратче, само за да може да го слуша јазикот и да и се воодушевува на културата.
Зое Салдана исто така го обожава шпанскиот, но сепак таа го наследила од нејзините родители кои имаат потекло од Порторико и Доминиканска Република.
Шакира зборува 5 различни јазици кои сама ги научила, шетајќи низ светот. Покрај англискиот, таа одлично ги владее португалскиот и италијанскиот.
Џони Деп живее во Франција, па од таму одлично го знае јазикот. И покрај тоа, многу ретко може да го слушнете како го зборува, освен во ова кратко видео.
Бредли Купер во текот на своето школување го усовршил францускиот, кој е само уште еден доказ за неговата сексапилност.