Ријана на часови по танц на шипка
- Детали
- четврток, 03 октомври 2013
Минатата недела Ријана го снимаше својот најнов спот за песната „Pour it up“, кој е уште еден во низата провокативни спотови со кои таа привлекува внимание. За потребите на овој спот, Ријана одела на специјални часови по танц на шипка,кај една од најдобрите и најпознатите инструкторки Никол Вилијамс.
Ова е танц за кој се организираат и натпревари и шампионати во САД. Ваквиот танц се смета за најсекси спорт во последно време. А Ријана никако не би останала покуса, за вакво доживување и покажување. Таа уште на првиот час објавила провокативни фотографии на својот Инстаграм профил.
Исто така, објавила и видео од подготовките и текот на снимањето на спотот, каде можат да се видат многу провокативни движења, секси облини и одлични стриптиз танчерки.
Ако ве интересира како завршило ова снимање и кој е финалниот производ, погледнете ја нецензурираната верзија на истиот: