Ќерката на Бијонсе веќе учи француски?!
- Детали
- вторник, 17 септември 2013
Бијонсе, изгледа веќе ја предодредила својата ќерка да биде полиглот. Таа има само 20 месеци, а за неа веќе се бара дадилка која ќе ја учи да зборува француски.
Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи, активно бараат дадилка која ќе ја учи Блу Ајви да зборува француски и секаде ќе патува со нив. За тоа побарале совет и од нивната пријателка Гвинет Палтроу.
Како што пишува британскиот весник Look, има повеќе причини зошто малото девојче брзо ќе го научи „љубовниот јазик“ - нејзините родители ја зачнале токму во Франција , а и сопругот на сестрата на Бијонсе е Французин.
На сето ова во прилог оди и тоа што нејзиното семејство често патува низ Европа, па се надеваат дека наскоро ќе ги совлада странските јазици.