Вака изгледа дијамантскиот веренички прстен на Скарлет Јохансон (фото)
- Детали
- четврток, 05 септември 2013
Искрени честитки пристигнуваат од сите страни за прекрасната Скарлет Јохансон и нејзиниот мажествен Француски новинар Ромен Дорјак. Ромен решил да ја круниса нивната врска со прекрасен дијамантски прстен на кој Скарлет му кажала едно големо “ДА!”
Актерката се појави на Филмскиот Фестивал во Венеција, на премиерата на филмот “Under the Skin”, во прекрасна тегет црна креација која и ги истакна облините, но и впечатливиот прстен не остана незабележан.
Скарлет важи како секогаш поразлична од сите останати дами во Холивуд, па можеби и затоа нејзиниот вереник се решил да и подари уникатно дизајниран веренички прстен, според нејзини стандарди.
Инаку, русокосата актерка пред само неколку години беше верена со Рајан Рејнолдс, сегашен сопруг на Блејк Лајви, но нивниот брак никогаш не успеа.