Ѕвезди кои некогаш биле бездомници
- Детали
- петок, 30 август 2013
Пред да се претвори во гламурозната Џенифер Лопез, таа накратко била бездомник, изјавила во едно интервју. Неколку месеци спиела во своето училиште за танцување, па среќата дури потоа и се насмевнала.
Покрај Џенифер Лопез, уште неколку познати личности во текот на животот биле бездомници.
Кели Кларксон
Пред да победи на Американскиот Идол, Кели живеела во својот автомобил затоа што домот и изгорел во пожар. Секојдневно одела во теретана во која била член само за да може да се истушира.
Хали Бери
Некогашната девојка на Џејмс Бонд живеела во дом, сè до 21 година кога се обидувала да стане позната во Холивуд, на што мајка и се противела.
- По месец-два останав без пари и со тешко срце и пишав да ми прати пари, а таа одби - ми рече или да се снајдам или да се вратам дома.
Хилари Свонк
Хилари живеела во својата камп приколка се додека како 15 годишно девојче не отишла во Лос Анџелес со својата мајка и си ја испробала среќата во глумата. На аудицијата се јавувала од говорница, сè додека не добила некои мали улоги.
Џим Кери
Џим Кери извесно време живеел во комбе со своето семејство.
- Мојот татко беше музичар кој ја работеше „својата работа” за да го издржува семејството. Од средна класа наеднаш спаднавме на ниска. На 15 години престанав да одам во училиште за да можам да работам и да носам пари во семејството.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез била бездомник на свои 18 години, затоа што нејзините родители не се сложувале со работата која сакала да ја работи.
- Мајка ми и јас постојано се каравме. Не сакав да одам на колеџ, туку да играм. Спиев на еден кревет во студиото за танц. Бев без дом, но морав тоа да го направам. Неколку месеци подоцна добив работа како танчерка во Европа.
Шанаја Твен
Родителите на Шанаја имале бурна врска која се влошила кога станале сиромашни. Нејзината мајка во 1979 година отпатувала во Торонто, со своите 4 деца каде што живееле во складилиште за бездомници.
Силвестер Сталоне
Сталоне три недели бил приморан да отспие на автобуска станица, затоа што бил избркан од својот стан во Њујорк. Затоа што бил очаен, глумел во филм за возрасни за која улога добил 200 долари и тоа му помогнало повторно да застане на нозе.
Кармен Електра
Кога имала речиси 20 години, Кармен била ограбена од своето тогашно момче и ја оставил без ништо.
- Седев на клупа во паркот и плачев затоа што дозволив да ме прелаже, признала Електра.