Живот од соништата - Марко Јариќ и Адриана Лима
- Детали
- вторник, 20 август 2013
Марко Јариќ, неговата сопруга Адриана Лима и ќеркичките Сиена и Валентина се прогласени за најфотогенично семејство на светот. Таа е прекрасна бразилска манекенка, а тој кошаркар и бизнисмен. Семејството е фотографирано во Мајами. Нивното богатство се проценува на 200 милиони долари.
Во моментов живеат во луксузна вила вредна 10 милиони долари на островот Индијан Крик, северно од Мајами Бич. Куќата има 740 квадрати.
Станот во Њујорк вреди 5,5 милиони долари и во моментов е на продажба.
Јариќ заработува по сезона околу 7 милиони долари, но е и сопственик на недвижности, ресторани, модна линија. Оваа година заработи околу 46 милиони долари.
Богатството на Лима е околу 45 милиони долари. Годишно во просек заработува околу 8 милиони долари и според Форбс е 4та најплатена манекенка на светот.