4 тајни на славните за совршена фигура

Само неколку мали навики може да направат голема разлика во линијата и здравјето на секој човек, а тоа не значи дека тоа мора да е изгладнување, внесување на сиромашна храна или преморување.

cetiri-neobicni-tajni-na-slavnite-za-sovrsena-figura-01

Неколку ултра успешни дами ги поделија своите мали навики кои им помагаат во одржување на совршената линија.

Мишел Обама: Луѓето кои имаат добра линија не држат диети

Првата дама на Америка и шампионот во здрава исхрана и физички активности, смета дека броењето на калории не е добар начин за да се живее квалитетно.

„Вистина е дека здравјето на жените не може да се види по обемот на струкот и бројката на вагата. Наместо тоа, би требало да се фокусираме на тоа како се чувствуваме.“

Бијонсе: Луѓето со добра линија не го споредуваат своето тело со туѓото

За филмските улоги или снимањето на спотови оваа пејачка, мајка, сопруга и суперѕвезда, успевала да симне голем број на килограми, но смета дека на нејзиното тело таа тежина не и одговара.

„Најдобро се чувствувам кога не сум многу тешка, но ниту премногу слаба. Сакам кога сум во фаза кога облините ми се раскошни. Навистина верувам дека сите сме различни и секоја тежина е природна, но оваа мене најдобро ми прилега.“

cetiri-neobicni-tajni-na-slavnite-za-sovrsena-figura-1

Џесика Бил: Понекогаш малото лажење е во ред

Дури и луѓето кои се хранат најздраво знаат дека од време на време е потребно опуштање. Џесика Бил многу ги цени и оправдува малите лаги во исхраната.

„Кога работам и се хранам здраво цела недела, си давам еден слободен ден да се опуштам и да јадам што сакам. Мислам дека е тоа единствениот начин да не се чувствувате депресивно, а да се храните здраво.“

Ферги: Пронаоѓа поддршка во Џош

Понекогаш е многу лесно кога вашата друга половина е претворена во друштво за вежбање и здрава исхрана. Луѓето кои се во најдобра форма, потребна им е неверојатна поддршка која им помага да останат на прав пат.

„Ние се мотивираме. Без разлика дали се работи за вежбање или за нашиот заеднички живот, секогаш сме компатибилни.“

Би можело да ве интересира:

Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg