Тајната на совршената фигура на Хали Бери
- Детали
- вторник, 30 јули 2013
Хали Бери важи за една од најзгодните личности во Холивуд, па токму затоа многумина посакуваат да откријат како ја одржува својата линија. Иако е добро познато дека многу вежба, Хали Бери не верува само во форсирањето на своето тело.
Пет оброци дневно
Оваа диета не вклучува гладување, па затоа таа практикува 5 помали оброци наместо 2 поголеми. Тајната лежи во задоволувањето на вашата желба за јадење, без прејадување. Тоа го одржува метаболизмот здрав.
Пет состојки
Главната тајна на Хали Бери е што нејзините оброци во денот се состојат само од 5 намирници. Тоа ги прави сите оброци едноставни и неоптеретени со додатни калории. Така полесно води евиденција за она што го јаде, а и вие можете да го постигнете истото.
Пет елементи
Оваа диета осигурува пет основни елементи во исхраната. Тие елементи се течностите, протеините, јаглехидратите, мастите и влакната. Тие пет елементи се внесуваат во облик на 5 оброци. Подготовката на оброците не би требало да трае подолго од 5-10 минути, како ниту варењето.